ТОПЛИ ЕCЕНСКИ ПРОМЕНИ BО ДОМОВИТЕ: Среќата е во малите работи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мораме да признаеме дека кога станува збор за декорирањето во домот, сите ние обожаваме да имаме барем едно меко и удобно ќоше каде што можеме да се склопчиме кога ќе почнат студените денови. Есента е време за уживање во малите нешта во удобноста на својот дом – читање добра книга, филмски маратон, топло чоколадо, греено вино… и сè ова делува уште позадоволително ако домот е соодветно уреден.

Главното правило за преуредувањето на домот за есента, без разлика дали е топло, удобно, полно со детали, е тоа што нема не треба да ве чини ништо. Вие веќе имате сè што ви е потребно во домот, само треба да знаете како да ги искористите овие залихи.

На пример, обогатете го просторот за одмор со перници со смирени бои и топли, меки ќебиња во кои ќе можете да се замотате веднаш штом дојдете дома. Исто така, извадете ги старите миризливи свеќи со мирис на јаболка, цимет и тиква кои ќе го внесат духот на есента во вашиот дом, додавајќи и топлина и атмосфера.

Кога станува збор за боите, оваа есен најпопуларни се сината, окер жолтата, бакарната и беж бојата. Токму овие бои ќе ви го разубават и стоплат просторот, но и ќе ви го освежат делот од домот каде што поминувате најмногу време.

Од растенијата, нема подобар избор од кактусот. Тој ќе биде најтоплиот додаток покрај вашата есенска шолја за кафе или чај.

Како што можете да видите не треба многу за да го подготвите вашиот дом за есента. Сè што треба е само да го одберете вашиот омилен дел од домот и да го претворите во мека и топла тврдина што ќе ве заштити од студените есенски и зимски денови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This