ТРАГЕДИЈАТА МОЖЕЛА ДА СЕ ИЗБЕГНЕ: Човечка грешка причината за рушењето на мостот во Џенова

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Човечка грешка ја предизвикала трагедијата во Џенова кога дошло до рушење на мостот, изјави шефот на канцеларијата на јавниот обвинител во Џенова, Франческо Кози.

Кози, како што пренесува „Sputnik International“, навел дека по завршувањето на операцијата за спасување обвинителите ќе ги анализираат „сите аспекти врзани за развојот, инженерингот и одржувањето на мостот“.

Според претходните извештаи, мостот кој се сруши во Џенова, каде што досега загинати се најмалку 42 лица, пред две години бил привремено затворен.

Шефот на обвинителството кажал дека е спремен да отвори случај за „повеќекратно убиство од небрежност и катастрофа“.

Во изјава ги повтори зборовите од италијанската власт дека трагедијата „можела да се избегне“.

Пожарникарите денеска предупредија дека и другиот дел од мостот можел да се сруши.

Француското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека меѓу жртвите има три француски државјани, албанската амбасада во Рим соопшти дека меѓу настраданите има двајца албански државјани.

Амбасадата на Албанија на својот официјален Фејсбук профил како жртви идентификувале две млади лица, Марјус Џери и Еди Бокрин, изразувајќи сочувство и понудувајќи помош на нивните семејства.

Мостот вчера поради силното невреме се руши, со што десетици возила пропаднаа низ пукнатината, 50 метри под нивото на патот.

Италијанскиот министер за сообраќај Данило Тонинели, кој го посети местото на несреќата кажа дека операторот на автопатот, ќе мора да учествува во трошоците на реконструкцијата, како и дека ќе мора да плати висока глоба поради оваа трагедија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This