ТРАГИЧНО СВЕДОШТВО НА МАЈКАТА НА АЛЕКСАНДАР: Нашите деца плачеа додека ги погребавме, треба да се плашите од тие солзи!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рочиштето за случајот „Монструм“ прво откако го презеде СЈО, денеска на самиот почеток веднаш беше прекинато и одложено за 15 мај, поради отсуство на обвинетиот Фејзи Азири кој бил хоспитализиран на пулмологија – пренесе Фокус

Мајката на Александар, Зорица Наќевска побара од судот и од обвинителството да ја утврдат вистината, пишува Фокус.

– Судот и обвинителството да ги утврдат улогите на обвинетите, дали се извршители или помагачи. Бараме и да се декодираат броевите кои во пресудата се заведени како државна тајна, а се на функционери од ДУИ, рече Наќевска.

Таа побара и да се откријат нн сторителите кои биле посочени од заштитениот сведок но не биле вклучени во истрагата бидејќи биле недостапни за органите на прогонот.

Таа од судот си го побара и мобилниот телефон на својот син кој за нив како што рече, бил многу вреден.

– Децата ни ги убија во четврток вечерта, во петок ни ги донесоа, а нивните очи беа отворени. Се до саботата, додека да ги погребаме им течеа солзи. Сите тие што го извршија грозоморниот чин да се плашат од тие солзи, заврши Зорица Наќевска.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This