Трамп гo oдби плaнoт нeгoвиoт кaбинeт дa ce вakциниpa мeѓy пpвитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на САД, Доналд Трамп предложи високите функционери од Белата куќа да не бидат меѓу лицата со приоритет кога станува збор за вакцинирањето против коронавирусот.

Во јавноста се појавија информации дека меѓу првите вакцини ќе примат и луѓето вработени во Белата куќа, но Трамп на „Твитер“ го негираше тоа и напиша дека ќе ја прими вакцината подоцна „ако тоа биде неопходно“.

„Побарав да се направи таа измена. Јас не сум по распоред да примам вакцина сега, но се радувам на тоа во соодветен момент. Благодарам“, стои во објавата на американскиот претседател.

Американските медиуми претходно известија дека Трамп, потретседателот Мајк Пенс и другите високи функционери ќе добијат приоритетна вакцина против коронавирусот. Според планот, највисоките функционери во Белата куќа во сите три гранки од власта би требало да бидат вакцинирани во следните 10 дена.

Портпаролот на Советот за национална безбедност, Џон Улиот пред Твитот на Трамп порача дека луѓето од извршната власт, Конгресот и судството ќе добијат вакцина во рамките на протоколот кој има за цел да обезбеди американската Влада да може да продолжи да работи во пандемија и друга вонредна ситуација.

„Американскиот народ треба да има доверба и да ја прима истата безбедна и ефикасна вакцина како и функционерите од владата на САД, по совет на експертите за јавно здравје и раководството на националната безбедност“, порача Улиот.

Latest News

Play Baccarat Online and Win Prizes at go88 – [088.Casino]

Are you looking for a thrilling and exciting way to spend your free time? Look no further than go88...

More Articles Like This