April 27, 2024, 10:07 am

ТРАМП ИСВИРКАН ВО ДАВОС: Америка повторно ќе биде бизнис лидер во светот – медиумите се злобни и расипани!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на САД Доналд Трамп денес на Светскиот економски форум во Давос изјави дека „Америка се надева на иднина во која сите ќе напредуваат“, нагласувајќи дека дошол во Давос за да ги „претстави интересите на американскиот народ“

© REUTERS/ Denis Balibouse

Трамп на почетокот на говорот истакнал дека се заложува за свет во кој „секое дете ќе живее во свет заштитен од насилство, сиромаштија и стра“.

„Јас секогаш ќе ја ставам Америка на прво место“, рече Трамп и додаде дека „Америка на прво место значи Америка без никој друг“.

Како што додаде, светот сведочи за повторно оживување на силна и просперитетна Америка, која е, според неговите зборови, отворена за бизнис и повторно конкурентна.

„Кога САД бележи раст, растат и другите земји во светот. Просперитетот на САД направи безброј работни места ширум светот, додека креативноста и иновациите во САД доведоа до значајни откритија кои секаде помагаат на луѓето да живеат подобри и поздрави животи“, рекол Трамп.

Претседателот на САД на трговските партнери им порача дека официјален Вашингтон веќе нема да ги толерира неправедните „предаторски“ трговски пракси кои го растураат пазарот.

„САД повеќе нема да ги затара очите пред неправедните трговски пракси“, порача Трамп на директорите на компаниите, банкарите и политичките лидери во Давос.

„Не можеме да имаме отворена и слободна трговија, ако поедини држави го искористуваат системот против другиот“, порача претседателот на САД.

Трамп, кој како бизнисмен никогаш не бил повикан во Давос каде се собираат претставниците на крупниот капитал, е прв американски претседател на Светскиот економски форум од 2000.година, што ќе му, како што наведува Ројтерс, пружи прилика да поразговара со некои од „елитните глобалисти“ кои ги критикуваше во изборната кампања во 2016. година.

Пред крајот на говорот, Трамп не пропушти жестоко да ги критикува медиумите.

„Пред да станам политичар не бев свесен колку се злобни, расипани и фејк медиумите“, рече Трамп, по што се слушна силно негодување од публиката, а некои од присутните и го исвиркале.

Новинарите таму велат дека вакво нешто сеуште не доживеале, пренесува британски „Гардијан“.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This