Трамп: Ниту Иран, ниту Русија не сакаат да побeдам на изборите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека Русија и Иран не сакаат тој да биде реизбран на изборите во ноември, но дека меѓу првите повици во случај на победа, според него, ќе биде од Техеран.

„Ако победиме на изборите …, еден од првите повици што ќе го добијам ќе биде од Иран со предлог да склучам договор“, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа.

Тој во претходните прилики рече дека ако победи на изборите, многу скоро ќе склучи договор со Техеран.

„Тие (Иранците) не ја сакаат мојата победа, ниту Русија ја сака мојата победа, тоа е единственото заеднишко што го имаат тие две земји, тие не сакаат јас да победам“, рече сегашниот претседател.

Претседателските избори ќе се одржат на 3 ноември, а последната телевизиска дебата на двајцата кандидати – Трамп и Џо Бајден од Демократската партија, се одржа синоќа. По тој повод, Бајден исто така рече дека Русија не ја сака неговата победа.

Позицијата што Русија ја повтори неколку пати во врска со ова е дека Москва ќе соработува со претседателот кој ќе биде избран .

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This