Трамп нapeдил да ce yкинaт oбyкитe за pacизaм во aдминиcтpaцијaтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот претседател, Доналд Трамп нареди укинување на обуката за расизам во сојузната администрација, што според него води до поделби и претставува антиамериканска пропаганда, објави во петокот Белата куќа.

Објавата доаѓа осум недели пред претседателските избори и во екот на изборната кампања која е одбележана со силни тензии меѓу двата табора по прашањето на расизмот.

„Според извештаите на медиумите, од службениците во извршната власт се бара да минат обука во рамкте на која им се кажува дека ‘скоро сите белци придонесуваат за расизам или доколку тоа е потребно, тврдат дека имаат корист од расизмот’“, се вели во соопштението на Белата куќа.

„Според медиумите, оваа обука одела дотаму што тврдела дека расизмот е вграден и во верувањето дека Америка е земја на можности или во верувањето дека најквалификуваната личност треба да го добие работното место“, се додава во текстот.

Вниманието на претседателот го привлекол фактот дека агенциите на извршната власт до денес потрошиле милиони долари на даночните обврзници „обучувајќи“ ги државните службеници да веруваат во антиамериканска пропаганда што ги дели луѓето, велат од Белата куќа по однос на ова прашање.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This