Трамп пред полноќ потпишал 142 помилувања

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот Доналд Трамп одлучи да го помилува својот поранешен главен стратег Стив Банон. Одлуката е донесена само неколку часа пред Трамп да ја напушти Белата куќа. Трамп во последните часови од функцијата помилува и други 142 лица, јавија американските медиуми.

Трамп им соопштил на своите соработници дека по долго размислување, решил да го помилува Банон како едно од неговите последни потези додека е на функцијата.

Стив Банон беше обвинет за заговор за измама преку донаторска кампања за изградба на ѕидот ветен од претседателот на границата со Мексико. Последните денови се засилија спекулациите во американските медиуми дека Трамп ќе го прекрши протоколот и ќе се помилува самиот пред да се повлече од функцијата.

Помилувањата ги објави Белата куќа на полноќ по локално време, неколку часа пред крајот на претседателството на Трамп. Сепак, претседателот не потпиша налози за помилување за себе, членовите на семејството или неговиот адвокат Руди Џулијани, кој водеше неуспешни обиди да ги поништи резултатите од минатогодишните претседателски избори, кои Трамп ги загуби.

Трамп ги помилува и раперите Лил Вејн и Кодак Блек, кои беа обвинети за криминалнидела со оружје и поранешниот градоначалник на Детроит, Кваме Килпатрик, кој беше осуден на 28 години затвор под обвинение за корупција.

Банон беше клучен советник во претседателската кампања на Трамп во 2016 година, но минатата година беше обвинет за измама на приврзаници на претседателот во обид да собере средства за изградба на ѕид на границата со Мексико. Тој се изјасни за невин пред судот.

Претставници на Белата куќа го советуваа Трамп да не го помилува Банон. Двајцата неодамна ја обновија своите контакти, бидејќи претседателот бара докази за неговите недокажани обвинувања за изборни измами, според информиран извор.

Банон (67) е уште еден помилуван политички сојузник на Трамп, кој често ги користеше своите овластувања за да ги казнува своите противници и да ги наградува оние лојални на него.

Тој претходно го помилуваше советникот за национална безбедност Мајкл Флин, обвинет за лажење на ФБИ во врска со разговорите со поранешниот руски амбасадор и ја замени казната на Роџер Стоун, обвинет за лажење на Конгресот за време на истрагата за наводно руско мешање во изборите. 2016 година

Банон се уште може да биде обвинет во државниот суд на Њујорк, каде помилувањето на претседателот нема да помогне, смета Даниел Алонсо, поранешен обвинител кој работи во адвокатската фирма Бакли.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This