April 28, 2024, 10:37 am

Трамп ја купува „Палатата на Путин“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шампањско на маса, поглед на Црното Море и дури и подводно диско – вака би изгледал „Трамп Палас Геленџик“, новиот ресорт на Доналд Трамп, и тоа во Русија.

Со години американските медиуми тврдеа дека поранешниот американски претседател има неостварен сон да има свој хотел во Русија. Бројни статии пишуваа за планот на Трамп за изградба на хотел во Москва. Сега се чини тоа ќе се реализира, но на друга локација во потоплите краишта, како на пример Краснодарскиот Крај.

Информациите кои доаѓаат оттаму велат дека Трамп фрлил око на една локација и дека подготвува понуда за нејзин откуп. Се работи за место во околината на туристичниот град Геленџик на брегот на Црното Море. Имотот кој Трамп го планира сега е во сопственост на рускиот милијардер Аркадиј Ротенберг и на кој има недовршено здание со 50 соби и огромни градини. Токму тоа му одговара на Трамп кој барал местото да има простор за голф терен со 18 дупки. Имотот порано бил познат како „Палатата на Путин“, но никогаш не бил комплетиран.

„Беше чудно. Од некоја причина, Трамп мислеше дека ќе начека веќе готова отмена палата. Не му беше јасно зошто сѐ уште беше градилиште. Дури и зборуваше за купување на имотот до 1 април, што е прерано“, вели за RT локален агент за недвижнини кој порабал да остане анонимен.

Гласините велат дека Трамп се заљубил во поволниот данок кој Русија го наплаќа, како и политичката стабилност за разлика од неговата Америка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This