Транспаренси интернешенал – Живеете во заробена држава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Транспаренси интернешенл Македонија денеска го објави извештајот кој се однесува на заробеноста на државите од Западен Балкан и Турција, преку истражување на случаи карактеризирани како голема корупција вклучувајќи високи функционери и политичари, како и наменско – донесени закони или закони донесени по мерка.

Извештајот, велат од Транспаресни интернешенл Македонија, илустрира сеопфатна анализа на случаи на голема корупција и открива како клиентелистичките мрежи и шеми функционираат на национално и локално ниво вклучувајќи злоупотреба на јавната функција на високи функционери во државите од регионот и открива како политичките партии и моќта кои тие ја имаат се клучни во опстојувањето на овие мрежи и како влијаат во судството и судските постапки и истраги во врска со случаите на голема корупција.

Законите донесени „по мерка” (tailor made laws), велат од оваа организација, се донесени за да можат да ги задоволат интересите на одредени личности, групи, или компании. Овие закони, додаваат, се највисокиот израз на концептот на заробена држава поради тоа што на легален начин ја овозможуваат заробеноста на државата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This