ТРАЈАНОВСКИ: Да сакаше Шилегов можеше да ја спречи сечата на Водно, жалосно што луѓе требаше да легнуваат пред багери за да се чуе гласот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Членот на советот на град Скопје од ГРОМ, Александар Трајановски сподели статус во врска со стопирањето на градбата на гасоводот и уништувањето на зелениот појас на сртот на Водно, како и за закажаната дебата со граѓанските претсавници кои деновиве со жив штит упсеаа да ги стопираат багерите кои копаа на врвот на скопската планина.

Во продолжение ви го пренесуваме текстот во целост:

Да сакаше Петре можеше да ја стопира сечата на Водно.

Денес како советник од град Скопје, добив известување дека во понеделник ќе имало јавна дебата за гасоводот и сквернавењето на зеленилото на сртот на Водно. Всушност вчера прво прочитав по медиумите дека градоначалникот ја стопирал изградбата и ги повикал граѓанските здруженија и луѓето кои ја поддржуваат иницијативата да се запре изградбата и да се престане со уништувањето на дебата. Искрено, незнам далие е смешно или иронично или двете од еднаш. 


Сега ли Петре? Откако трасата почна да се мери во километри?


Епа скопјани да ви кажам дека Петре и мнозинството во советот на СДСМ ова глатко си го поддржаа уште во април месец. 


Да бидам по прецизен, немаше предложено точка за согласност да се копа или не, но Петре и клапата помпезно си ја најавија одлуката за формирање претпријатие кое ќе стопанисува со гасоводната мрежа, дистрибуира и наплаќа за гас. 


Уште тогаш го покренавме прашањето зашто баш низ Водно, а откако лично се искачив на врвот запрашав и дали е навистина потребно да се прави толкава траса со ширина од 30тина метри, а долга километри.
Тогаш градоначалникот на шала ми одговори дека така најмалку цевки ќе се потрошеле, а потоа фино ми образложи дека тоа е предвидено и уцртано и дека е неоходно а бенефитот ќе ги неутрализира штетите.
За волја на вистината во салата имаше присутни и лица кој во минатото од петни жили викаа и се бореа за зачувувањето на зеленилото во Скопје, спиеа по паркови и ги бранеа и чуваа истите, штракаа по тастатурите и пишуваа статуси на социјалните мрежи напаѓајки ја претходната локална власт. Ама истите тие лица сега беа присутни како вработени во градската администрација. Со други зборови нивната борба заврши.
Во недостиг на дебата кога беше најпотребна, оние кои дојдоа на власт урлајќи против уништувањето на зелинилото, глатко си кренаа рачиња и си гласаа.

Еве сега мораше да дојде до ситуација луѓе да легнуваат пред багери за да се слушне гласот, а дали ќе се послуша допрво ќе видиме.

Да сакаше Петре можеше да ја стопира сечата на Водно.Денес како советник од град Скопје, добив известување дека во…

Posted by Александар Трајановски on Saturday, September 1, 2018

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This