Трајановски: СДCM е главниот винoвниk за гpaдбата кaj Xoлидej Ин

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Морам да ви кажам дека кога во 2013 година Општина Центар ја доби СДСМ, а особено 2017-тата година тие им ветуваа на граѓаните дека ќе ја стопираат градбата во Центар особено на големите објекти, ќе направат мораториум и ќе ги променат ДУП-овите. Што направија од тоа?

Стопираа делимично, мораториум направија на одредени проекти, меѓутоа мораториум согласно на сите законски прописи тие требаа да направат измена и на ДУП-овите, но тие направиј онака како што тие сметаа дека треба да биде уредено“, истакна Коце Трајановски, поранешен градоначалник на Скопје и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во дневникот на Сител телевизија.

Трајановски додаде дека СДСМ му го зема корисничкото право на ПУИК за стопанисување на пакингот пред Холидеј Ин.

-Му го земаа корисничкото право, му дадоа извод од ДУП на инвеститорот, му дадоа да го дооформи земјиштето. Само извод од ДУП не знам дали е во мораториумот или после моратороим. Тоа мора после да си вида службите. Му дадоа да го дооформи земјиштето, и кога Уставен суд го укина ова, огромна документација однесоа во Центар и за многу брзо време Центар оваа документација ја прегледа, и ја даде на Градот Скопје за да се пресметат комуналии и да се издаде градежна дозвола, рече Трајановски.

Трајановски посочи дека и тој се прашува кој кого лаже. Дали кога беа на изборит и рекоа дека нема да има градби или сега кога им велат на граѓаните па ќе се види, па мораториум е.

-Јас сметам дека треба граѓаните да се прашаат, да се има јавна расправа, граѓаните да одлучат што треба таму да има, нагласи Трајановски. Трајановски укажа дека има различни форми на кои граѓаните можат да бидат консултирани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This