Трајанов: Алтернатива бара некаква амнеcтија за „Дивo Нaсеље“ и „Mонстрyм“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По вечерашната средба на владината коалиција, Павле Трајанов, лидерот на Демократски сојуз, во Дневникот на „Сител“ информираше дека премиерот Зоран Заев ги собрал коалициските партнери на разговор околу кадровските решенија во новата влада и текот на разговорите со Алтернатива.

Немаше некоја посебна расправа или развиена дебата. Премиерот зборуваше и за спорот со Бугарија, рече Трајанов.

Според него, спорна е точката околу меѓународна истрага за некои судски процеси.

Ова не може да биде предмет на договор. Алтернатива бара некаква амнестија и тука не смее да стане збор. „Диво насеље“ е терористички акт, а „Монструм“ двапати се судеше, потенцира Трајанов.

Трајанов смета дека би дошло до нарушување на односите, поради тоа што би имало 3 потпретседатели на Владата и 7 министри од албанска националност.

Владата не треба да биде фактор на дестабилизација. Повеќе министерства без ресор е несоодветен, вештачки потег. Се плашам за негативна рефлексија врз меѓуетничките односи, вели Трајанов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This