Трајанов кoнтpa Заев: He мy ce дoпaѓa мeтoдoлoгиjaтa, кaкo peзидeнти нa Македонија ќe ce пoпишyвaaт лyѓe кои живеат вo cтpaнcтвo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вчерашната емисија на Телевизија 24, “Само анализа”, гостуваше претседателот на “Демократски сојуз”, Павле Трајанов, каде коментираше во однос на пописот кој треба да се реализира во април оваа година. Транајов напомена дека негова сугестија е да експерти од сите политички партии да партиципираат за пописот, да ја погледнат заедно методологијата, и тоа што е клучно да го вградат во методологијата.

“Клучно е тоа што скоро сите политички партии се дека има потреба нашата држава Република Македонија да организира, да спроведе попис. Околу тоа имаме единствен став и мислам дека треба да има попис после 19 години, веќе дваесетата година. На Македонија и е потребен попис бидејќи тоа е потребно заради развивање на државата како целина, економскиот развој, демографскиот развој и другите аспекти што се клучни за планирање на сите други стратешки активности на нашата држава. Тоа не е спорно, инаку, спорни има неколку моменти за кој што јас зборував во Парламентот околу разграничување кое е резидентно население а кое не е. Добро е да се попишат сите, да се направи попис на сите граѓани, на сите државјани на нашата држава, но мора да се одвои колку се тие што објективно живеат во нашата држава. Тоа не се огради во законот, што е една од клучните забелешки, дека тие решенија што не се оградени во законот, ќе бидат вградени во методологијата за спроведување на пописот. Јас што предложив и од парламентарните говорници е, ако е можно, експерти од сите политички партии, тоа е државна работа, меѓутоа Парламентот е исто законодавен дом, но тука партиципираат скоро сите политички партии што се парламентарни. Повторно се вклучени партиите, пратениците ги добиваат насоките од партиите, како ќе настапуваат, како ќе гласаат и како натаму ќе се одвиваат сите работи. Моја сугестија е сепак директорот за статистика да повика експерти од сите политички партии, да ја погледнат заедно методологијата, и тоа што е пропуштено, а и клучно и битно за да добие пописот поддршка од сите партии, да го вградат во методологијата, и мислам дека тоа ќе биде крупен чекор напред.” – истакна Павле Трајанов.

Пописот нема да биде само статистичка операција, резултатите се веќе однапред договорени како што може да прочитате од коментарот на Павле Трајанов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This