Трајкоска до Заев: Има ли крај ова ништeњe на македонската историја, наследство, култура и меморија?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Директорката на Институтот за комуникациски студии, Жанета Трајкоска, со жестока реакција за тезите изнесени од премиерот Зоран Заев во интервјуто за бугарската агенција БГНЕС.

„Еве не знам, може сум неинформирана, ама КОЈ ги сменил таблите и врз основа на ЧИЈА ОДЛУКА? Кои се тие ‘повеќе од 20 табли’ и ЗОШТО се сменети? Ако Бугарите биле АДМИНИСТРАТОРИ, тогаш сите оние стотици баби и дедовци што гниеле по затвори кој ги тепал и затворал?? И каква е оваа теза, бе, дека Југославија не ни давала да сме пријатели??? А бе, знаете ли вие каде била Бугарија и што значи ЖЕЛЕЗНА ЗАВЕСА? И кој бил зад неа? Како, бе, Југославија ни пречела да се дружиме?! A кој јазик зборувате – е тоа навистина не знам. Јас знам дека зборувам македонски.

Квиз прашање: кога капитулирала ‘бугарската администрација’ во 2 Светска Војна? Прашање 2: Кој ги транспортирал македонските Евреи во Треблинка? Прашање 3: Против кого се бореле македонските партизани во Македонија?

Што ви е бре!? И за ова ќе може да најдете наратив на релативизирање? Па уште се живи борците, па малце дигнитет и почит кон нив и македонската борба за слобода. Па, СДСМ е наследник на КПМ и на југословенските комунисти, розата од кај ви беше??? Има ли крај ова ништење на македонската историја, наследство, култура и меморија?

„Премиерот Зоран Заев кажа дека веќе се сменети повеќе од 20 табли во Македонија, на кои што пишувало ‘бугарски фашистички окупатор’ и вели дека Бугарите не се фашисти, туку нашите пријатели, во интервју за бугарската агенција БГНЕС. Заев тврди дека за време на Втората светска војна Бугарите биле администратори на почетокот, но потоа се приклучиле на антифашистичкиот фронт и бугарските и македонските војски заедно ги ослободиле Крива Паланка, Куманово и Скопје.

‘Имало некоја администрација во тој момент, на почетокот. Потоа Бугарија се дигна заедно со антифашизмот, се бори за слобода, за демократија и неспорно е дел од антифашистичкиот фронт. Бугарски и македонски војски ослободуваа територии – Крива Паланка, Куманово целиот регион, Скопје. И тоа е еден убав дел од нашата историја’, кажа Заев во интервјуто.

‘…Знаете, јас сум од Струмица. Петричани и струмичани зборуваат ист јазик, толку сме блиски. Тоа е македонски или бугарски јазик?’, прашa Заев и уште еднаш повтори дека Југославија нè разделувала“, реагира Трајкоска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This