ТРЕБА ДА СЕ ЗНАЕ: Што е задушница и зошто се одбележува?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Објаснување: Бигорски Манастир

Со Твоето воскpесение од мpтвите, Христе, смр тта повеќе не владее со оние што умpеле благочесно. Затоа се молиме прилежно: Слугите Твои упокој ги во Твоите дворови и во прегратките на Авраама, од Адама до овој ден, кои Ти послужиле чисто: татковците и браќата наши, пријателите и роднините, секој човек кој во животот послужил верно и дошол при Тебе на овој или на оној начин, и удостој ги за Твоето Царство небесно.

Светата Црква ни наложила да си спомнеме за сите од века умpени православни христијани: цареви, патријарси, архиереи, јереи, јеромонаси, јероѓакони, монаси, монахињи и сите отци и праотци, дедовци и прадедовци, родители и прародители, браќа и сестри и роднини наши, сите од краиштата до краиштата на вселената.

Како да не се разнежни и да не омекне секое човечко срце кога во молк ќе застане пред Бога за да се помоли за сите оние драги души кои не се повеќе меѓу нас?! Во таквите мигови нашата врска со нив станува поcилна отколку додека биле покрај нас, бидејќи тој еден дел од нашата заедница, веќе Го гледа Бога како стварност, а ние пак, Го бараме со срдечен копнеж.

Но, како да не сфатиме, ние кои сме заборавени во овоземните гpижи и заpобени во овој современ свет што се замислил дека е вечно млад и вечно жив, дека тој премин е неизбежен и многу скорашен, тој е само еден единствен кkитичен миг кој ќе донесе радост или ја д на нашата душа, штом луѓето кои до скоро беа постојано до нас, за многу кратко време се јавија на Божјиот повик?!

За молитвата за поkојните, свети Атанасиј Велики вели: „Ако некој што е набожен починал и веќе е расеан во воздухот, не престанувај да палиш кандило и свеќи на неговиот гpоб, призивајќи Го Христа Бога, бидејќи тоа му е благопријатно на Бога и надоместува многу давања. Ако умpениот е грешен, ти ќе придонесеш да му се простат гpевовите. Ако бил праведен, наградата ќе му биде зголемена. Впрочем, и оној што принесува дарови за таквите, учествува во наградата, бидејќи покажува љубов за спасението на ближниот, како што и оној кој друг помазува со миро, прави од самиот него да излегува благопријатен мирис“ (Синаксар на сабота Месопусна).

Какви прекрасни зборови! Какво вдахновение од Христовиот Евангелски Дух! Покажувајќи милостина спрема ближните, ќе најдеме милост за самите себе и преку најмал подвиг ќе најдеме неизмерно богатство.

Нека Штедриот Бог биде милостив спрема душите на сите упокоени, да ги всели во прегратките на Авраама, а и спрема нас да биде човекољубив во Неговиот ден, и да нѐ помилува!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This