ТРЕБА ДА СОРАБОТУВАМЕ СО РУСИЈА: Генералниот секретар на НАТО бара подобар дијалог и соработка со Русија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјаи дека е тешко да се води дијалог со Русија, но потребно е тоа да се направи, пренесува агенцијата Анадолија

„Дијалогот со Русија е тежок, но токму поради тоа е важен. Русија нема да си оди, Русија ќе остане, таа е наш сосед. Поради тоа дијалогот делумно се однесува на подобрување на односите, а делумно се однесува на решавање на веќе постоечките односи. НАТО и понатаму е отворен за воспоставување на плодотворен дијалог со Русија“, рекол Столтенберг во интервју за Анадолија во очи на посетата на Турција.

Според неговите зборови, организацијата засега не планирала „понатамошни акции“ во врска со инцидентот во британски Солсбери.

„Тоа беше реакција која по нападот во Солсбери го препознавме како пропорционален и еквивалентен одговор. Исто така го намаливме максималниот број на дипломати од 30 на 20. Во овој момент немаме понатамошни планови. Но истовремено ќе ја следиме ситуацијата, ќе правиме проценки и ќе го правиме она што е потребно“, одговорил Столтенберг на прашањето за можно додатни чекори кон Русија.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This