ТРЕВИС КАЛАНИК ГО НАПУШТА UBER: Новата компанија ќе доставува храна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ко-основачот и до неодамна директор на компанијата ја прекина и последната врска со Uber. Г. Каланик си поднесе оставка како член на бордот на Uber и за околу 3 милијарди долари го продаде својот дел од компанијата. Тој веќе размислува за следната компанијата, ако сè се одвива според плановите компанијата која е ја основа ќе биде партнер на Uber во делот со достава на храна.

Улогата на г. Каланик во Uber значително се намали во 2017 кога го напушти директорското место поради многуте cкaндaли со Uber. Овие cкaндaли го нaрyшиja угледот кој го имаше Uber и поради ова беше заменет од директорското место.

„Uber e дел од мојот живот во последните 10 години. На крајот на деценијата, и со компанијата која сега е на берза, ми се чини дека е вистинскиот момент да се фокусирам на моијот сегашен бизнис и филантропски активности. Горд сум на се она што го постигна Uber и ќе продолжам да навивам за иднина на компанијата од страна.“, вели Каланик.

Следната компанија, која веќе и е отворена е своевиден отворен простор за сите ресторани кои единствено нудат испорака на храна. „City Storage Systems“ поседува земја на која гради кујни за рестораните кои единствено доставуваат јадење. Доставата секако оди преку Uber Eats.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This