ТРЕТА BAKЦИНА ШТО ЈА РЕГИСТРИРАШЕ РУСИJA-KOBИВАК: Направена на база на целиот виpус и има ефикасност од 90 проценти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Русија ја регистрираше третата вакцина против коронавирус, наречена Ковивак, пренесува Танјуг.

Премиерот Михаил Мишустин објави дека 120 000 дози од вакцината ќе бидат пуштени во употреба во средината на март. Производителот има намера да влезе и на странскиот пазар.

Претходно беше објавено дека имунолошката ефикасност на оваа вакцина по добивањето на втората доза е околу 90 проценти.

Ковивак е вакцина на база заснована на целиот вирус. Таквите препарати користат или вештачки ослабени вируси кои не се во можност да предизвикаат болест или веќе умртвени вируси.

-Резултатите од клиничките испитувања на оваа вакцина против Ковид-19, направени од научниот центар Чумаков при Руската академија на науките, покажаа дека тие се многу добри, изјави претходно шефот на руската Служба за санитарен надзор и контрола, Ана Попова.

Русија претходно регистрираше две вакцини – Спутник V од Институтот Гамалеа, што е прва регистрирана вакцина против Ковид-19 во светот, како и EpiVakKorona произведени од „Вектор“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This