Трипуновски до власта: Да не си играат со земјоделците, во моментот треба да се откупува оризот, а нема ниту цена ниту откуп

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ноншалантноста е карактеристика на владеењето на СДСМ. Во тој контекст знаете дека во состав на министерството односно директно под владата имаме АД Водостопанство на Република Македонија кое што е одговорно и за некои од акумулациите и за одржување на системите за наводнување. Само за споредба во 2017 годиина кога настана трансфер на власта, тоа АД Водостопанство го оставивме со некоаде околку 40 милиони денари на сметката и набавена механизација за одржување на каналската мрежа за наводнување ширум Република Македонија. Денес речиси после 4 години, освен што вработените нердовно земаат плата, други инвестиции речиси и да нема, вели Цветан Трпуновски претседател на Републичката комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство во вечрашното гостување во емисијата Што не е јасно на ТВ Алфа.

Трипуновски, додаде дека АД Водостопанство во 2019 година проектирала дури 25 јавни набавки, но реализирала само три, како и дека освен што институцијата користи за партиски вработувања, вработените се оставени и по два месеца без плата и здравствено осигурување.

Министерството и АД Водостопанство за 2019 година имаат преоктирано 25 јавни набавки за одржување и организирање на систем на наводнување, а имаат реализирано само три и тие три се од мала вредност само за да закрпат некоја дупка.

Денеска во тоа АД Водостопанство освен превработеност од партиски кадри немаме ништо, сведоци сме дека тие вработени не земаат и по два месеца плата. Денеска вработените немаат здравствено осигурување. Замислете во ковид пандемија, вработените кои што имаат потреба од лекарства како ќе ги набават, тоа е тој игнорнатски однос на власта и кон државните институции меѓутоа и ресурсите во Република Македонија.

Во однос за катастрофалната состојба за пресушените езер, вели дека преку пратениците во собранието ќе се иницира за одржување на надзорна расправа се со цел да се лоцира одговорноста.

Ние како ВМРО-ДПМНЕ за оваа ситуација, за овој егзодус на овојпотенцијал во Република Македонија ќе покренеме иницијатива за одржување на надзорна расправа во собранието на Република Македонија одговорност за оваа ситуација мора некој да понесе, ова е крајно не сериозно и ние преку нашите пратеници во собранието ќе иницираме и сакаме точно да ја лоцираме одговорноста зошто тоа се случува, изјави тој.

Во однос на состојбата на земјоделците Трипуновски вели дека лозарите ја живеат најлошата година укажувајќи дека нивните земјоделски производи наместо на светските пазари завршиле фрлени на буништа.

Ние сме сведоци дека наместо земјоделските производи да завршуваат на светските пазар, завршуваат на буништа. Можеме да ја земеме исплатата на субвенциите, може да земеме инвестиции во земјоделството, значи од ИПАРД програмите буквално без разлика дали се лозари, тутонпроизводители, оризопроизводители, сега во моентот, е актуелен откупот на оризот, а секојдевно добивам поплаки и сусугестии од самите земјоделци. Пред самата емисија зошто најавив дека ќе гостувам ме замолија да прашам и апелирам за откупот на оризот, нема ниту цена, ниту пак се откупува. Пред неколку дена почна откупот на тутунот, апелирав уште на почетокот на годината ќе дојде тешка година за откупот затоа што со законска измена СДСМ дозволи да се увезува тутун и тоа по дифолт го доведува домашното производство, објасни Трипуновски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This