April 27, 2024, 12:41 pm

Трифун до Тито: 3aпpи co поддpшкa зa лyдopиите на зaбeгaнaтa влacт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во колумна со наслов “Освестување” бизнисменот Трифун Костовски открива мини афера со 10 милиони евра поврзана со Еуростандард банката во стечај чиј сопственик е тој и јавно бара од неговиот долгогодишен пријател Тито Петковски да го напушти Зоран Заев.

Вториот дел од оваа колумна би сакал да го посветам на теми кои сите нас нѐ засегаат. Тоа ќе го сторам преку анализа посветена на мојот пријател Тито Петковски.

Имав можност да го следам неговиот настап на Само Вистина на Канал 5, каде меѓу другото се говореше за случајот Мијалков и функционирање на коалицијата во Владата.

Евидентно е веќе дека дел од коалиционите партнери на СДСМ заземаат позиција на дистанцирање од сите неуспеси кои досега оваа Влада ги испорача, а тие партии се ДС на Павле Трајанов, ЛДП на Милевски и ДОМ на Лилјана Поповска.

Многу нешта има во низата на неуспеси: влошувањето на меѓусоседските односи со Бугарија, недобивањето на датум за преговори со ЕУ, и како врв е колапсот и неспособноста на менаџерите во јавното здравството – каков апсурд, се мачиме од петни жили да купиме вакцини против вирусот Ковид-19 и замислите дури ни парите не ни ги сакаат! Тоа говори за рејтингот на нашата држава, а особено на нашата Влада на домашно и меѓународно поле. Во земјава го лажат народот, а на меѓународна сцена се непочитувани. Срам, голем срам.

Господинот Тито Петкосвки со кого се познаваме повеќе од 3 децении ми е пријател, меѓутоа не можам да ги разберам неговите ставови и видувања. Јас сум по вокација стопанственик, а господинот Петковски е политичар уште од бившата ни СФРЈ, па до денес. Имам едно основно прашање до него, бидејќи во интервјуто на Само вистина ја искажа својата лојалност кон коалицискиот партнер СДСМ, иако сум убеден дека и самиот е свесен дека се фатил со ѓаволот во игра. Прашање за господинот Петковски: дали неговата лојалност е поголема кон партијата на власт СДСМ или кон граѓаните на чија сметка си го изгради својот политички профилиран стаж и егзистенција? Розовите очила редно е да ги симне и да заличи на стариот Тито, кој јас го познавам.

Со наведнување глава мој пријателе не се гради држава. Прости, ова се зборови кои очекував ти да ги кажеш. Те знам со години, а дали добро те познавам, незнам. За тебе , за мене , за секој поединец делата треба да говорат. Имаш моќ и сила да тропнеш на маса, а не да ги аминуваш лудориите кои ги прави оваа забегана власт. Пријателе те повикувам врати се на сопствениот пат. Нам не ни е потребно подаништво, особено не од луѓе кои би требало да имаат интегритет.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This