Туризмот е во слободен пaд, картичките не пomoгнaa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Милиони фрлени во вода е описот кој може да се каже за владиниот проект за поддршка на туризмот во Македонија кој доживува целосен неуспех. Потврдата за тоа пристигна од Државниот завод за статистика кој објави поразителни бројки кои укажуваат дека туризмот е во слободен пад.

Според податоците на ДЗС бројот на домашните туристи во јули 2020 година, во однос на јули 2019 година, е намален за 4.8 %, а бројот на странските туристи е намален за 94.9 %. Воедно од јануари до јули годинава во однос на истиот период од претходната година, бројот на домашните туристи е помал за 43.9 %, а на странските помал за 79.6 %.

Бројките покажуваат дека македонските граѓани и покрај спреченоста да летуваат во многу земји како Грција, Хрватска или Црна Гора каде летувале претходните години, сепак не се одлучиле да летуваат дома. Но уште повеќе поразително е што и покрај отворените граници како едни од ретките земји во светот со таков ризичен потег, сепак не успеавме да ги привлечеме странците во Македонија, кои за време на пандемијата земјава не ја гледаат како безбедна земја и токму тоа е причината поради која не дојдоа.

Очигледно не помогна кампањата на владата со фотографии од Германија, Франција, Бали и Тајланд за спас на македонскиот туризам. Не помогнаа ниту ваучерите кои ги делеше владата и кои досега имаат ниска искористеност од само 30%.

Владата со третиот пакет мерки одвои 16 милиони евра за домашниот туризам и ваучери за над 100.000 граѓани од по 6.000 денари, како и домашни платежни картички од 3 и 9.000 денари за да се поттикне потрошувачката во овој сектор. Сепак ниската искористеност на овие ваучери единствено фрла сомнеж на начинот на кој се делени и искористени што го отвора прашањето дали тие беа за перење на пари или за поддршка на туризмот?

Дека владата потфрли и не му помогна на македонскиот туризам потврдија и туристичките работници кои неколку пати го изразија својот револт на улиците порачувајќи дека се на работ на егзистенција.

Во нивното барање до Владата и Министерството за економија од 1 септември голем дел од агенциите, превозниците и водичите истакнаа дека нема плати за јули и август а не се во можност ниту за основните трошоци за кирија, сметки и останати тековни трошоци. Тие порачаа дека состојбата е сериозна бидејќи без опстанок може да останат над 5 000 лица и повеќе од 300 агенции.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This