Турски дpжавjaнин o6винeт зaтoa штo пpикaжaл фaлcификyвaн ПЦР тecт зa кopoнaвиpyc

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против државјанин на Република Турција, осомничен дека сторил кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот 32-годишник, на 17 февруари на граничниот премин на Меѓународниот аеродром – Скопје, при пријава за излез од државава, употребил медицински сертификат за извршено тестирање за SARS-CoV-2 (ПЦР тест).

На сертификатот стоело дека е издаден од една лабораторија во Скопје, иако обвинетиот знаел дека воопшто не се тестирал.

При проверка службите утврдиле дека таа лабораторија не го издала сертификатот, односно дека сертификатот е фалсификуван.​

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This