Русија извpшилa 17 нaпaди co бecпилoтнo лeтaлo „Opиoн“ вpз тepopиcти вo Сирија

Поврзано

- Advertisement -

Руското беспилотно летало „Орион“ извршило 38 летови во Сирија, од кои 17 пати гаѓало објекти на терористи, објави телевизијата „Русија 1“.

- Advertisement -

Во репортажата за „Орион“, телевизијата го покажа леталото во пустинска камуфлажа која се користи во Сирија. Според традицијата на воената авијација, на леталото се означени ѕвезди кои го претставуваат бројот на извршени борбени мисии.

Секоја ѕвезда дополнително ја содржи буквата „Р“, „Б“ или „П“, при што „Р“ означува извидувачки лет, „Б“ значи лет со извршување напади врз копнени цели и „П“ означува лет, веројатно, потрага по целите.

Ако се погледнат ознаките, „Орион“ извршил 17 летови во Сирија со употреба на оружје, 20 за извидување и еден во други цели.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This