ТУРЦИЈА ГО ГОЛЕМА НЕДОУМИЦА: На кое „царство“ да се приклони во часот на пресудна одлука?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека развива содржајни партнерски, па можеби и сојузнички односи со Руската Федерација, Турција во исто време се обидува да го задржи конкретниот однос со САД, како во рамки на НАТО, така и на билатерално ниво. Ново заострување на односите ја доведува Турција во позиција да мора да се определи

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во понеделник пристигнува во Анкара, за со турските претставници да разговара за користењето на базата Инџирлик во случај на напад на Сирија.

„Шансите Турција да ја отстапи својата воздухопловна база за операции кои би биле насочени против сирискиот режим не се големи, имајќи во предвид дека ставот на Русија беше доста јасен и резолутен и нападот по сириските позиции би се сметал и за напад на Руската Федерација, поради присуството на руски воен персонал во делови од Сирија. Затоа такво нешто за Турција не би било корисно“, оценува историчарот и добар познавач на состојбите на блискиот исток Немања Ставриќ.

Голема е веројатноста Анкара да го одбие барањето на НАТО, оценува историчарот, што дополнително ќе делува кон влошување на односите со САД кои и онака веќе се доста нарушени, особено по отстранувањето на Рекс Тилерсон.

Турција веќе со години се обидува да изгради самостојна позиција и суверена политика, врзано за сопственото окружување и засега имаше доста успех.

Воздухопловната база Инџирлик, континуирано претставува невралгична точка, уште од обидот за пуч во Турција во 2016. година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This