ТУРЦИЈА ГО ОСВОИ АФРИН: По три месеци, турската војска влезе во Африн по победата над Курдската милиција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Турската војска и сириските бунтовници ја превземаа контролата над регионот Африн на северозападот на Сирија, соопшти денес извор во турската војска

Пред една недела турските сили и сириските борци влегле во Африн, главниот град на истоимениот округ, откаде подоцна цели осум седмици ја потиснуваа курдската милиција, а сега се освоени и преостанатите села.

„Во регионот на Африн потполно е остварена контрола и се продолжува операцијата за пребарување за да може локалното население безбедно да се врати во своите домови“, наведува неименуван извор за Ројтерс.

Сличен извештај објави и турската државна агенција Анадолија. Во Африн луѓето стојат во редови додека чекаат топла храна која ја дистрибуира турската Црвена полумесечина. Турските војници ја чуваат безбедноста, а вооружени возила патролираат по улиците.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This