Турција мy oдгoвopи нa Бајден: „Никoj нeмa дa нe yчи иcтopиja“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за надворешни работи на Турција остро одговори на најавата дека Соединетите држави и претседателот Џо Бајден ќе ги признаат злосторствата врз Ерменците за време на Отоманската империја како геноцид.

„Ние целосно ја отфрламе изјавата на претседателот на Соединетите држави за настаните од 1915 година и силно ја осудуваме“, реагира турското Министерство, додавајќи: „Изјавата на претседателот на Соединетите држави, кој ниту е законски ниту морално овластен да зборува за настаните од минатото, е ништовна“, пренесува агенцијата Анадолија.

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу за изјавата на Бајден за настаните во 1915 година рече: „Изразите не ја менуваат историјата, никој нема да не учи на нашата историја“, наведува АА.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган додаде: „Политизираните дебати користени како средство за напад врз нашата земја не донесоа никому корист“.

Ердоган го повтори својот повик за зајакнување на односите со Ерменија засновани на добрососедски односи и взаемно почитување.

Ердоган испрати порака до Сахак Машалијан, поглаварот на Ерменската патријаршија во Турција. Во пораката, Ердоган испрати честитки до Машалиан и ценетите членови на ерменската заедница.

„Со почит се сеќаваме на османлиските Ерменци кои загинаа во тешки услови за време на Првата светска војна и им изразувам сочувство на нивните внуци“, напиша Ердоган.

Ердоган: Живееме заедно со векови

Тој додаде дека сите се членови на едно семејство наречено човештво, без оглед на етничката припадност, вера, јазик или боја на кожа.

„Живееме заедно во оваа област со векови и наоѓаме мир во сенката на нашето црвено знаме со полумесечина и sвезда“, рече Ердоган.

Тој додаде дека тие не ги држи заедно интерес или некои сметки, туку искрен однос на иста земја, со исти вредности и исти високи идеали.

Геноцидот е признат од повеќе од 20 земји

Бајден разговараше со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера пред планираното соопштение во форма на претседателски проглас, кога американскиот претседател ќе го искористи терминот геноцид за да ги опише убиствата и депортациите на стотици илјади Ерменци пред повеќе од 100 години.

Со децении, претседателите на САД признаваа злосторства врз Ерменците од 1915 до 1917 година, но избегнуваа да го користат терминот „геноцид“ за да избегнат отуѓување на Турција.

Вчерашниот разговор меѓу двајцата лидери беше прв откако Бајден ја презеде функцијата пред три месеци.

Геноцидот врз Ерменците е признат од повеќе од 20 земји и бројни историчари, но тој е силно оспорен од Турција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This