Турција се зakaнува, Грција купува бopбени авиони

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Грција планира да купи оружје, да ги зајакне своите вооружени сили и да ја обнови својата одбранбена индустрија, соопшти владата со растот на тензиите со сојузникот во НАТО Турција околу енергетските ресурси на истокот на Медитеранот.

Грција, која во 2018 година излезе од економската криза и се бори со економското влијание на кризата со коронавирусот, сака да потроши дел од своите готовински резерви од неколку милијарди евра на својот одбранбен сектор. Премиерот Кирјакос Мицотакис ќе ги претстави ваквите планови за време на годишниот говор за економска политика в сабота.

Претставник на грчката влада минатата недела за Ројтерс изјави дека Грција разговара со Франција и други земји за аквизиција на борбени авиони. Мицотакис ќе се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон на Корзика в четврток, пред самитот на јужноевропските лидери на овој француски остров Корзика.

Двајцата лидери се очекува да разговараат за затегнатите односи на Европската унија со Турција, соопшти кабинетот на Макрон.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This