Бугарите му свртеа грб на Заев: Скопје ги остава евроатлантските заложби за на телевизија, а отвора простор за југословенско – мафијашкиот бизнис

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Скопје го избира за свој ментор духот на Белград од времето на Слободан Милошевиќ

Македонскиот премиер Зоран Заев и неговиот коалиционен партнер од ДУИ Али Ахмети по брза постапка овозможија огромна инвестиција на Миодраг Дака Давидовиќ, кој е основен инструмент на српскиот национализам во регионот и моќен спонзо на антиевропските и анти НАТО проекти на Балканот, известува БГНЕС.

Веќе неколку месеци наназад во Македонија се шират видеозаписи, од кои јасно се гледа дека Дака добива поддршка од бизнис партнерите на Заев и Ахмети. Во видеозаписите Миодраг Дака Давидовиќ зборува дека дал поткуп од неколку стотина илјади евра, и дава ветување за поткуп од неколку милиони евра. За помалку од една недела во текот на месец февруари, тој ги добива сите документи, за да изгради таканаречена градска џунгла, во центарот на Тетово, со површина од 230 илјади километри квадратни. Целата инвестиција треба да му донесе профит од 200 милиони евра.

Дака – националист и агент на српското влијание и служби

Миодраг Дака Давидовиќ е поранешен агент на Државната безбедност, во време додека Србија и Црна Гора се уште беа во една држава. Во почетокот на 90 – тите години од минатиот век, кога Југославија се растура како последица на српскиот шовинизам, Дака го стекнува првиот голем капитал, кршејќи го ембаргото и „тргувајќи“ со нафта и акцизна стока. Заедно со Браќата Карич тој е еден од најблиските до Слободан Милошевиќ и неговата сопруга Мира Марковиќ, која умре
минатата година во Москва, додека се криеше од органите на прогонот.

За време на војната во БИХ 1992 – 1995 година, Дака е избран и за министер во марионетската српска влада во Пале, кое е одговорно за геноцидот во Сребреница и други воени злосторства.

Паралелно со политичката кариера, тој ги става темелите и на неговата бизнис империја, за што му помага блискоста со Слободан Милошевиќ и неговиот политички сојузник во Црна Гора Миомир Булатовиќ, чиј кум е Миодраг Давидовиќ. Врз него при крајот на минатата година беше извршен обид за атентат во хотелот, каде пред 20 години беше убиен Жељко Ражњатовиќ Аркан, кој беше главен водач на паравоените одреди во Босна, Хрватска и Косово, кои се одговорни за многу воени злосторства.

Дака отворено се спротивставува на независноста на Црна Гора, на црногорската идентитетска посебност и самостојност на црквата. Тој тврди дека е благословен од српскиот патријарх Иринеј и српските светци Свети Сава и Свети Василиј. Бизнисменот ги смета дека ЕУ и НАТО за слуги на ѓаволот среде православието. СПЦ е определена како најважна институција која врши влијание врз соседните православни народи, најмногу врз македонците и црногорците.

Бранко Героски: Дака финансира антиевропско влијание на Балканот

Исклучително сомнително е тоа што на 31 август оваа година, само еден ден по формирањето на старо новата влада на Зоран Заев, општина Тетово го гласа нов ГУП ( градежен урбанистички план), кој дозволува да се изгради комплекс од околу 2000 апартмани. Таа огромна инвестиција ќе биде преземена од контроверзниот црногорски бизнисмен Миодраг Дака Давидовиќ, и ќе му дозволи да реализира огромен профит – изјави за БГНЕС Бранко Героски, долгогодишен новинар и главен уредник на порталот „Плусинфо“.

Тој потсетува дека пред изборите македонското општество е информирано за две значајни работи.

Прво сите ги слушнавме незаконско снимените разговори, од кои јасно се слуша како една од највлијателните фигури на македонското бизнис подземје, Зоран Милевски Кичеец и Дака договараат лобирање, за да ги отстранат пречките за реализирање на таа инвестиција. Од тоа видео слушнавме дека Дака имал контакт со поранешниот генерален секретар на владата Драги Рашковски, човек, близок до Заев, но и со самиот Заев. Дака отворено зборува дека дал поткуп од 300.000 евра, за да ја заврши зделката – вели Героски.

Второ сите слушнавме за минатото на бизнисменот Давидовиќ, т.е. за фактот дека тој е еден од основните финансиери на антиевропските и анти НАТО организации на Балканот. Името му се поврзува со најекстремни групи и индивидуи во Србија, Црна Гора и БИХ, кажува Героски.

Навистина е загрижувачки, што владата на Зоран Заев, која што се прокламира за
прозападна и проевропска во секој смисол и управува држава членка на НАТО, одлучила да соработува со магнат од таква провиниенција, алармира Героски и додава дека за него тоа сепак не е големо изненадување, особено што Белградската линија на влијание беше многу силна во аферата „Рекет“, за кој тој пишувал скоро две години.

Многу личности од македонската јавна сцена беа опфатени во таа корупциска афера, но врската со Белград остана длабоко скриена од судската власта и очите и ушите на јавноста. За жал, немав и се уште немам доволно сериозни докази, за да ја објавам јавно таа врска – вели Героски.

Без разлика на фактот дека Македонија веќе е членка на НАТО и веројатно наскоро ќе започне преговори со ЕУ, факт е дека влијанието на белградскиот политички криминален подземен свет врз политичката ситуација во нашата држава е се уште многу силно. Жално е што тоа останува до денес, 30 години по прогласувањето на независноста на Македонија, заклучува Героски.

Повторно објект на српските аспирации

Последните 3 години покажаа дека Македонија и нејзиниот народ имаат желба да се отргнат од српската сфера на влијание, но тоа е еден сложен процес. Во однос на постигнатиот напредок напатот кон европската интеграција, владата во Скопје засилено работи на мини Шенген заедница во регионот, кое се обработува и од властите во Црна Гора и Косово, со цел воспоставување на ново српско влијание на Западен Балкан. Истовремено продолжува да се блокира градењето на
Коридор 8, за кој веќе се обезбедени средства.

Али Ахмети, кој учествува во владите во Македонија непрекинато од 2006 година, при почетокот на оваа недела беше на распит пред Меѓународниот трибунал за воени злосторства на Косово во врска со неговото учество како командир во Армијата за ослободување на Косово. Јавна тајна е дека Али Ахмети поседувал српска лична карта со името Александар Антиќ.

Исклучително незгодно е што во новата влада на Заев и Ахмети има министер со наследени врски со српските служби. Тоа е недозволиво за земја членка на НАТО, јави за БГНЕС претставник на странска амбасада на држава членка на НАТО во Скопје.

Едно од најпротивречните именувања е тоа на Виктор Димовски за директор на Агенцијата за национална безбедност. Според дипломатска кореспонденција на американската амбасада, објавена на Викиликс, тој е под целосна контрола на српските власти. Во документ на американскиот амбасадор во Скопје пишува дека Виктор Димовски е „ во џеб на Србите“. Авторот на документот е поранешниот амбасадор Џулијан Милованович ( 2005 – 2008 ).

Назначувањето на Димовски беше вистински шок како за експертите во полето на безбедноста,така и за надворешно политичките набљудувачи. Димовски беше амбасадор во Белград на Македонија во еден мандат. Пред тоа за време на претседателствувањето на Бранко Црвенковски ( 2004 – 2009 ) кој се сметаше за најсигурниот извршител на српското влијание во Македонија, ја извршуваше функцијата шеф на Агенцијата за разузнавање ( 2007 – 2009 ). Во текот на 2017 година е државен секретар во министерството за надворешни работи. Како учесник во преговорите пред потпишувањето на Договорот за пријателство и добрососедство помеѓу Бугарија и Македонија на 1 август 2017 година, Димовски создаваше проблеми околу таканаречените црвени линии.

Присуството на просрпски елементи создава напрегање во дијалогот помеѓу Софија и Скопје. Создадена беше интрига околу надлежната комисија за историски прашања. Минатата недела објавија дека таа имала заседание кое не е во согласност со вистината.

Проф. Топалов: Пендаровски ја залажува Македонија

Членот на Комисијата проф. Кирил Топалов ја обелоденува за БГНЕС информацијата дека таа имала онлајн заседание. Пред околу месец и половина до два, некаде на почетокот на летото, навистина имало онлајн заседание на Комисијата, таа имала заседание во текот на ноември 2019 година.

Тие брзаа да си заминат по заседанието и не успеавме да го усогласиме и да го усвоиме општиот протокол. Тој општ протокол беше усвоен за време на онлајн врска од двете раководства на Комисијата. Но тоа не беше на заседанието – вели проф. Топалов.

Во таа насока тој вели дека македонскиот претседател Стево Пендаровски ја излажал македонската јавност со тврдење дека имало такво заседание.

Во текот на целиот процес кога сме несогласувања по некои прашања, македонските членови на Комисијата не обвинуваа дека се водиме од политички мотиви во нивните становишта. Факт е дека во текот на 2019 година ние на два пати спроведовме избори за Европски парламент, но и внатрешни избори, но не побаравме прекин на работата на Комисијата затоа што имало избори.

Во текот на ноември тие јавија дека заради тоа што ќе имаат избори ја прекинуваат работата на Комисијата. Кој се води од политички мотиви? Ние или тие? Со тоа тие се разобличија дека во целост се водат од политички мотиви. Сега како што слушам тие имаат желба при крајот на септември да направиме заседание кај нив. Ние немаме ништо против. Од минатиот ноември чекаме кога ќе имаме заседание – вели проф. Топалов.

При крај на минатата недела за време на средбата во Брисел за пристапување на државите до регионот, Бугарија зазема јасна позиција. Во документот испратен до БГНЕС министерството за надворешни работи потенцира, дека Бугарија го поддржува пристапувањето на РС Македонија кон Фронтекс, но со стриктно почитување на Договорот за пријателство и соработка од 2017 година. Бугарија повеќекратно ја презентирала својата позиција пред органите на ЕУ во врска со
прашањето.

На 8 септмеври Република Македонија ќе одбележи 29 години од својата независност. Во чествувањето на јубилејот основниот проблем за градење на независната македонска држава останува целосно контролираната политичка елита од страна на српско – руските лоби групи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This