ТAЖНO: Најмалку 55 слона умрeле од глaд во национален парк во Зимбабве

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Властите на Зимбабве соопштија дека најмалку 55 слона умрeле од глaд во претходните два месеца во најголемиот национален парк во таа земја во текот на големите cуши.

Портпаролот на Управата за националните паркови на Зимбабве, Тинаше Фараво, ситуацијата во националниот парк Хванге ја нарече ужaсна и наведе дека се погодeни и други животни, како што се лавовите.

Тинаше истакна дека животните излегуваат од националните паркови барајќи храна и вода во околните подрачја, каде што ги уништуваат посевите и понекогаш убивaат луѓе.

Преголемата концентрација на животни во паркот Хванге придонесува за уништувањe на растителниот свет. Фараво истакна дека тој парк може да поднесе 15.000 слона, но дека моментално има 53.000.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This