Тpeтиот бpaн на кopoнавиpyс го затвopи Пapиз на еден мeceц

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Едномесечното затворање стапи на сила во Париз и други француски региони денеска, бидејќи државата се обидува да го сузбие третиот бран на коронавирус-инфекции. Секој трети од 67 милиони луѓе во Франција е под влијание на построгите мерки. Но, ова затворање ќе биде поблаго од претходните затворања.

Во 16-те административни региони, сите дуќани што не се потребни престануваат да работат, но книжарниците и продавниците за музички инструменти можат да продолжат да работат. Учениците можат да одат на училиште. На луѓето им е дозволено да се движат, но само во радиус од 10 километри од местото на живеење.

Ситуацијата во поширокиот регион во Париз е особено загрижувачка. Пациенти беа префрлени во болници во други делови на земјата поради недоволно легла во одделите за интензивна нега.

Бројот на нови инфекции на 100.000 жители за една недела се искачи на 450 во поширокиот регион во Париз.

– Ја знаеме причината за овој трет бран: доаѓањето на таканаречената британска варијанта, што сега претставува скоро три четвртини од инфекцијата, изјави завчера премиерот Жан Кастекс.

– Овие мерки можат да бидат проширени и на други делови од земјата, предупреди Кастекс.

Покрај Париз, новите правила важат и за неколку области на север и на департманот Приморски Алпи, чиј центар е Ница. (МИА)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This