Убиени 46 цивили во масакр во Конго

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во источниот дел на Демократска Република Конго бунтовници убија 46 цивили во напад изведен во подрачјето Валесе Вонкуту во провинцијата Северен Киву, пренесува агенцијата Анадолија (АА).

Адио Џиди, министер за внатрешни работи на провинцијата Итури, во изјава за медиумите ја потврди информацијата дека група бунтовници извршиле напад во кој животот го загубиле 46 цивили.

Министерот Џиди, укажувајќи дека нападот е изведен од страна на бунтовничката група „Сили на демократскиот сојуз“, додаде дека Вооружените сили на ДР Конго започнале операција во подрачјето по нападот.

Џиди информира дека повеќето од оние што ги загубиле животите во нападот се Пигмеи, едни од најстарите домородци на Африка.

Претставниците на невладината организација „Движење на борбата за промени“, која дејствува во подрачјето на Северен Киву, соопштија дека од ноември 2019 година досега во судирите што се случуваат во подрачјето на провинцијата Северен Киву, животот го загубиле 1.206 цивили.

Веќе 20 години, во источниот дел на земјата кој се граничи со Руанда, Уганда и Бурунди, вооружени групи изведуваат напади во обид да воспостават контрола врз регион кој е богат со големи резерви на рудно богатство, како што се злато и кобалт.

Веќе подолг период подрачјето Бени во провинцијата Северен Киву е место на насилни судири меѓу Вооружените сили на ДР Конго и бунтовничката група „Сили на демократскиот сојуз“.

Се претпоставува дека во нападите на бунтовничката група „Сили на демократскиот сојуз“ во источниот дел на ДР Конго, од 2014 година досега животот го загубиле најмалку 3.000 цивили.

Војската на ДР Конго во октомври 2019 година започна операција од широки размери против сепаратистите кои се активни во источниот дел од земјата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This