Угледната „Марка“ му се поклони на Пандев: Го смести меѓу играчите кои оставија силен печат на ЕП

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Светските медиуми не го оставија незабележан првиот историски настап на македонската фудбалска репрезентација на едно Европско првенство, па во низата позитивни критики кои добија одредени индивидуалци од нашиот тим, сега се вклучи и угледната „Марка“ која во својата вест за ѕвездите кои оставија силен печат во првата фаза го вброи и нашиот капитен.

Горан Пандев реши да се повлече од репрезентацијата на последниот меч кој го одигравме против Холандија и на свои 37 години демонстрираше како треба да се игра за националниот дрес, бидејќи тој беше лидер во секоја смисла на зборот на сите три меча кои ги одигравме на големиот турнир.

– Македонија го имаше својот дебитантски настап на едно големо натпреварување и испадна во групната фаза, но поранешниот фудбалер на Лацио, Интер и Наполи остави голем печат на овој голем турнир. Со голот против Австрија стана вториот највозрасен стрелец на едно Европско првенство. Со 37 години и 321 ден, тој е само зад Австриецот Ивица Вастиќ кој постигна гол со 38 години и 257 дена.

– Пандев изнуди и пенал по кој Алиоски даде гол против Украина, а на мечот со Холандија кој беше последен за него во репрезентацијата, соиграчите со шпалир го испрати во пензија по 122 меча и 38 гола за репрезентацијата, – стои во текстот на „Марка“.

Покрај Гоче, во изборот на угледниот шпански весник се најдоа и многу други познати ѕвезди, меѓу кои Рахим Стерлинг (Англија), Били Гилмор (Шкотска), Џоел Похјанпало (Финска), Патрик Шик (Чешка), Дензел Думфрис (Холандија), Мануел Локатели (Италија), Микел Дамсгард (Данска), Ромелу Лукаку (Белгија), Емил Форсберг (Шведска), Давид Алаба (Австрија), Робин Госенс (Германија), Атила Шалај (Унгарија), Џини Вајналдум (Холандија), Лука Модриќ (Хрватска) и Кристијано Роналдо (Португалија).

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This