Угостителите ќе го добијат пoдeбелиот кpaj: Граѓаните нema да бидат kaзнувани, kaзните за усгостителите се движат од 250 евра до 30000 евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од понеделник стапуваат мерките кои ги донесе владата,каде за влез во угостителските објекти се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, и редарска служба заради контрола на приложување доказ за имунизација во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан.

Од Пазарниот инспекторат за Канал 5 велат дека граѓаните нема да бидат казнувани. Глоба ке треба да платата оние угостителски објекти кои примаат невакцинирани гости.

-Сертификатот за вакцинација во се повеќе земји низ светот станува секојдневие. Со цел да се стави под контрола рапидното зголемување на бројот на заразени и да се спречи преоптоварување на здравствените системи, земјите воведоа здравствени сертификати за непречено користење на јавните места и услуги. Данска, Австрија и Унгарија беа меѓу првите земји кои во март оваа година воведоа здравствени сертификати. Тука се Италија, Франција, САД кадешто на ист принцип ги ограничија граѓаните за присуство на јавни места. Во Италија вработените кои не се имунизирани по 5 последователни дена присуство на работа се суспендираат и не го остваруваат правото за добивање плата бидејќи претставуваат ризик за останатите граѓани. За разлика од други земји каде за одредени категории професии вакцинацијата е задолжителна, кај нас истата е право на избор. Кај нас се потенцира важноста за вакцинација со цел да ги поттикнеме оние кои се двоумат или имаат дилема околу вакцинирањето. Вакцините се безбедни и ефикасни и штитат од компликации на болеста и смртен исход. Само со масовна имунизација ќе го спречиме ширењето на новите мутации на вирусот, напиша на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.

На 15 август во недела во 19:00 часот ќе се организираат големи непартиски протести против ковид пропусниците и новите мерки ко ги предлага министерството за здравство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This