УЕФА дефинитивно и одреди казна на Македонија поради прекршување на ковид протоколите кои беа прецизирани за учеството на Европското првенство.
Европската куќа на фудбалот потенцираше дека федерацијата на Македонија е казнета со 10.000 евра, но притоа не е образложено во јавноста кои биле прекршоците на нашата фудбалска репрезентација.
Рок за уплата на „пеналите“ е три месеци, во кои ФФМ ќе мора да искешира 10.000 евра.
Македонската фудбалска репрезентација го забележа својот прв настап на Европските првенства, и иако резултатите не беа посакувани, сепак искуството за фудбалерите, делегацијата и навивачите за учеството на ваков турнир е непроценлив и како мотив и цел за некои идни слични достигнувања и дострели.