УЖАСОТ НА ВОЈНАТА: Шокантна фотографија на едномесечно бебе од Сирија, за кое нема доволно храна!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Судирите во Сирија и натаму траат, а од оваа земја во која што беснее граѓанска војна веќе седум години, продолжуваат да пристигнуваат фотографии кои што го шокираат светот.

Сиријците веќе седум години водат граѓанска војна, стотици илјади луѓе го загубија животот, милиони луѓе се раселени, а голем дел од тие што останаа се соочуваат со недостаток на основните потребни работи за нормален живот.

Тамошните болници во кои што веќе одамна работат доктори кои се на границата на физичка и психичка издржливост, секојдневно примаат голем број на изгладнети деца. Фотографии од едно изгладнето бебе се појавија на интернет и повторно го шокираа светот.

Австрискиот портал heute.at пренесува дека само во последните неколку месеци, во болниците ширум Сирија биле примени илјадници изгладнети деца, а на голем дел од нив поради недостатокот на храна започнале да им откажуваат и органите.

Голем број на деца патат од проблеми со видот, па дури и депресија, а голем е и бројот на кои што докторите не можат да им помогнат. Еден тамошен доктор открил дека во болниците едвај да ги има и најосновните работи, како на пример витамини, а помош добивале само од 5 до 10 проценти од децата.

Последната од низата на шокантни фотографии ја објавија од „УНИЦЕФ“ со цел да апелираат за помош на децата. На неа може да се види едномесечното бебе Сахар кој што бил донесен во болница во предградие на сириската престолнина Дамаск во текот на минатиот викенд.

Малечкиот Сахар не можел да биде доен од мајката, затоа што и самата таа била изгладнета.

„Неговото лице е како на скелет и итно е потребно лекување за да може да преживее“, порачаа од „УНИЦЕФ“.

Малиот Сахар бил фотографиран и додека ја мереле неговата тежина во болницата. Тој не тежи ниту 2 килограми, а моментално сириските доктори се борат за да го спасат неговиот живот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This