Уживajтe дoдeкa мoжeтe: Coнчeв дeн yтpe, oд пoнeдeлник нoв cтyдeн бpaн

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сончево и релативно топло со умерена облачност ќе се задржи во првата половина од денот, но во попладневните часови крајните западни и крајните источни делови ќе има услови за локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој попладне вдолж Повардарието на места ќе засилува. Под влијание на влажен бран на запад ќе има повремен дожд, на планините снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната од 13 до 19 степени.

Врнежите ќе продолжат преку ноќта и в понеделник, кога ќе се прошират насекаде и претежно во планинските региони каде што ќе бидат пообилни и ќе има појава на снег на повисоките места. В понеделник и особено во вторник ќе дува силен северен ветер (и над 65 км/час), а дневните температури в понеделник ќе бидат пониски за 6 до 8 степени.

Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 17 степени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This