УЛТИМАТУМ ДО ДИРЕКТОРОТ НА ЗАТВОРОТ „ШТИП“: Мики дај си оставка оти тешко ти се пишува, му порачаа затворениците

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поради негрижа на КПД ШТИП, односно поради непрофесионалноста на директорот Мики Тодоров, вчера во затворот Штип почина Киро. Утре тоа може да го снајде некој од нас. Затоа денес предупредуваме, бидејќи 90% од затворениците се жалиме од директорот, но не смееме да кажеме на никому ништо бидејќи веднаш ни се заканува дека ќе не премести во друг затвор.

Институциите на системот не функционират.
Затвореникот Киро веќе извесно време бараше помош од директорот за да добие соодветен здравствен третман но истиот беше одбиен од директорот со зборовите „дека се е во ред со него и дека исцинира и лаже„. Со други зборови без одобрение на директорот ни брза помош не може да дојде.

Еве денес што се случи. Укинати ни е и правото да добивам пакети и од дома може само до 10 килограми да испратат. Забранети ни се посети од пријатели, само на најтесното семејство што е преседан и единствен случај во светот.

Трпението на затворениците е при крај затоа бараме веднаш и без одложување да биде разрешен Мики Тодоров во спротивно ќе одоговориме со мерки кои ќе бидат на штета на институцијата. Ќе превземеме радикални мерки и кон управата и кон командирите. Денес почина Киро, наш пријател, добар човек, утре може да биде некој од нас.

Директорот Мики Тодоров има рок од еден месец да поднесе оставка или да биде разрешен, доколку не се случи тоа најавуваме повеќекратни радикални мерки кон него и кон управата, за кои нема да одговораме за последиците. Можеби сме во затвор но имаме права. Не може еден „искомплексиран„ директор што во животот работел вратар по дискотеки и молер да се изживува врз нас, а токму првото негово вработување е директор на затвор без никаква стручна спрема, нема да дозволиме да ни ги загрозува нашите животи.

Бог да го прости Киро.
Мики дај оставка оти тешко ти се пишува. ВЕРУВАЈ!!! Група затвореници од КПД Штип

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This