УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ВО САД ВЕЌЕ НИ ГО ПРОМЕНИЈА ИМЕТО: Официјално не прогласија за Северна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Државниот секретар за образование на САД, Елизабет Ди Девос, немо го одобри преименувањето на Република Македонија во Северна од страна на Универзитетите во САД, пренесува Магазин.

Имено пред пропаднатиот референдум за промена на името, Армијата на САД во Европа започна да ни се обраќа со Армија на Република Северна Македонија а војниците ни ги нарекуваше Северномакедонски.

Извинувањата следеја по реакции на јавноста, но не и по реакција на министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

По започнувањето на уставните измени во Собранието на Македонија, Универзитетите во САД, официјално веќе не го користат нашето уставно име.

Престижниот Универзитет Харвард отиде чекор понатаму па огласи и стипендирање на докторски студии за кандидати од земјите до ЕУ, Северна Македонија, Исланд, Линхенштајн, Норвешка и Турција.

Стипендиите се објавени на 25 октомври, а кандидатите имаат рок за пријавување до 20 јануари следната година.

Универзитетот Харвард или едноставно Харвард е најстариот универзитет во Кембриџ, Масачусетс, САД. Претставува еден од најпрестижните и најелитните Американски Универзитети и е член на таканаречената Бршленова лига, основан во 1636 година. Наречен е по свештеникот Џон Харвард.

Министерот за образование, Арбер Адеми, исто како и неговата “колешка” Шекеринска нема намера да реагира за ваквата скандалозна одлука на академската заедница во САД.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This