УРНЕБЕСНО ВИДЕО: Сите нecoлени изјави на Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Играше со својот народ all in со џокери во ракав на се или ништо на полето на евроинтеграциите. И Европа и Македонија ги споредуваше со девојки, секоја со свои атрибути. При отварањето на аферата “Рекет” со скандалозно тврдење посочи дека нема да дозволи да биде симнат од власт за на крај кога Бриселскиот ладен туш му го намали оптимизмот да порача дека “мало сутра” сегашната опозиција ќе се врати на власт иако не сме добиле датум за преговори.

Непристојната гестикулација и изјава на премиерот Заев вчера во Прилеп се последните во низата со кои тој изминатиов период е во центарот на вниманието. На Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ им порача дека се лажат ако мислат дека по предвремените парламентарни избори ќе се вратат на власт.

“И што дека не бидна датумот? Мисли дека тоа ќе го донесе на власт? Мало сутра”, изјави Заев на трибина во Прилеп

Играта со all in не му се исплатеше барем за последниот самит на ЕУ. Македонија не доби датум за преговори. Иако Заев беше оптимист.

“Ова е храбра битка, играв со сите кецеви и џокери во ракав, играв со мојот народ, играв ‘all in’, играв на се или ништо“ рече премиерот.

Не му помогнаа комплиментите за Европа како сексипилна девојка, ниту ставот дека Македонија треба да се омажи во богато семејство.

“Европа треба да остане најсексипилна девојка во светот која ќе не мотивира да продолжиме во овој правец истакна премиерот во Виена во Јуни годинава
“Тоа е кога треба да ја дадете да ја мажите. И велите ќе оди во едно семејство они се побогати може ќе влијаат на нејзиниот идентитет. Нема да влијаат иста ќе е.Треба да ја пуштам. абе ќе додадат име друго уште едно на нејзиното име. Иста ќе е мојата ќерка ќе биде. Истата е треба да ја пуштам. Треба да ја оставиме Македонија” се изјасни премиерот.

Исто како што смета дека изборите нема да го вратат ВМРО-ДПМНЕ на власт убеден беше и дека аферата “Рекет” нема да бидат причина за владата да падне.

“Секако дека нема да дозволам неколку крииминалци, еден суетен новинар и да м прости ЛГБТ заедницата еден педер да ја симнат оваа влада од власт. Не.”истакна премиерот Заев за аферата “Рекет”.

Оваа изјава на ЗАев предизвика жестока реакција во јавноста од аналитичари, невладиниот сектор, ЛГБТ заедницата.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This