УСТАВЕН СУД: СЈО и изборите повторно не се на дневен ред

Поврзано

- Advertisement -

Гошева минатата недела рече дека Судот ќе одлучува за предметот на СЈО кога ќе биде подготвен со својата стручна анализа

- Advertisement -

Уставниот суд в понеделник ќе одржи седница на која и овој пат нема да се најде иницијативата за оценување на уставноста на специјалното јавно обвинителство. На дневниот ред, објавен на интернет-страницата на Судот, не е ставена ниту иницијативата на партијата УНИТЕТИ за оценување на законитоста и уставноста на одлуката за распишување на изборите.

Практика на Судот е седниците да се одржуваат во среда, но овој пат е закажана за понеделник, 31 октомври. Ова ќе биде последна седница со која ќе претседава судијката Елена Гошева. Од први ноември на претседателското место доаѓа судијата Никола Ивановски.

Според Пржинскиот договор, доколку Уставниот суд го укине Законот за специјално јавно обвинителство, политичките партии имаат простор за носење нов закон.

Гошева минатата недела во интервју за „Република“ рече дека Судот ќе одлучува за предметот на СЈО кога ќе биде подготвен со својата стручна анализа.

На прашањето кога Судот ќе се изјасни за уставноста на СЈО, Гошева рече дека за да донесе квалитетна и уставно-судска издржана одлука, Судот мора да собере и да истражи разни факти. Таа додава дека тимот што работи на оваа иницијатива го разгледува предметот и дека секој сложен предмет има длабоко сериозен пристап на работа и анализа.

Уставниот суд в понеделник ќе расправа за неколку иницијативи за оценување на уставноста и законитоста на одредени членови од Законот за судска служба, како и за уставноста и законитоста на членови од Законот за административни службеници. Уставниот суд ќе расправа и за Законот за заклучување на стечајните постапки отворени во согласност со Законот за присилно порамнување стечај и ликвидација и Законот за стечај.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This