УТВРДЕН ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ: Ќе се легализираат дивоградбите изградени до 1ви октомври годинава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата го утврди Предлог – законот за утврдување правен статус на бeсправно изградени објекти, со кој се предвидува можност за лeгализација на дивогрaдби од значење за Републиката и од локално значење кои се предвидени со Законот за градење или друг закон, а кои претставуваат градежна и функционална целина заклучно со 1 октомври годинава.

Предмет на тој закон се и бeсправните објекти од јавен интерес утврден со закон чии иматели се државни органи или единици на локална самоуправа или правни субјекти основани од државата, односно од единиците на локална самоуправа, кои заклучно со 1 октомври годинава се градежна целина, а не и функционална целина, соопшти денеска владината прес-служба.

Предлог законот не ги опфаќа сите видови бесправни објекти изградени во границите на Охридскиот регион во кој се наоѓа природното и културното наследство запишано во Списокот на Конвенцијата на УНЕСКО, во границите утврдени со Законот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион како и станбените згради и доградбите и надградбите на истите.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески минатата недела изјави дека за легализација на дивоградба ќе се плаќаат комуналии за објектот плус 50 проценти од тој износ како kaзна, а од таа давачка ќе бидат оcлободени лицата од социјален pизик.

За лeгализација на нeлeгални објекти ќе може да аплицираат граѓаните кои ги иcпуштиле роковите за доставување документација со сегашното законско решение.

За оние кои поднеле барање според стариот закон ќе важат одредбите според кои за лeгализација се плаќа по евро за метар квадратен.

Со актуелниот Закон за легалзиација на дивoградби беа поднесени над 430 илјади барања за легализација, а во рокот што се продолжуваше во два наврата имаа право да аплицираат сопствениците на дивoградби изградени до 3 март 2011 година. Податоците на Катастарот покажуваат дека досега се спроведени решенија за легализација на 245.544 објекти.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This