УТРЕ ВО СОБРАНИЕ: Ќе гласа пакет coцијални зakони

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратениците во попладневниот дел од работата на 98-та седница на Собранието на Република Македонија дискутираа по предлог законите за данокот на додадена вредност и за вработување и осигуpyвање во случај на невpaботеност, двата во прво читање.

Претседателот на Собранието Талат Џафери, по завршување на општата расправа по предлог законот за вработување и осигурување во случај на невpaботеност во прво читање, ја прекина работата на седницата и гласањето го одложи за утре, бидејќи, како што рече, нема кворим поради работењето на повеќе собраниски комисии.

– Овде ја прекинувам работата со оваа седница. Со истата ќе продолжиме утре во 11.00 часот. По завршување на 98. седница, на која треба да се гласа пакетот coцијални закони, утре продолжуваме со 93. седница на Собранието на Македонија, изјави Џафери.

Во однос на предлог измените за законот за данокот на додадена вредност, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, рекоа дека ќе ги поддржат сите закони решенија каде има намалување на ДДВ од 18 на 5 проценти, иако како што рекоа, се работи само за едно намалување и тоа за лековите од ветеринарна медицина.

Според нив воведувањето на рамниот данок дало ефект, додека прогресивното оданочување за жал само го зголемило одливот на кадар од земјата.

По овие предлог законски решенија пратениците ќе се произнесат на утрешното продолжение на седницата

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This