- Advertisement -
Талат Џафери, утре напладне ќе ги распише локалните избори кои треба да се одржат на 15 октомври, соопштија од неговиот кабинет.
Изборната кампања, според најавите, треба да започне на 25 септември.
На изборите, ќе се бира градоначалник на Град Скопје, градоначалници на општините, како и членови на општинските совети. Досега, ниту една од партиите не излезе официјално со имиња на кандидати со кои ќе ја бараат довербата од граѓаните.