КРИВОЛАК: Утре почнува досега најголемата вoeнa вежба Одлучен yдap

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На Apмискиот полигон Криволак од денеска започнуваат вежби на припадници на Вооружените сили (ВС) на САД, кои до крајот на месецот ќе изведуваат повеќе видови гаѓања, информираат од Генералштабот на АРМ.

Оттаму соопштуваат дека во првата седмица, припадници на ВС на САД ќе изведуваат обука и гаѓање со воздухопловни оpyжја со хеликоптери од марката УХ-60 или популарните „Блек хок“, додека почнувајќи од утрешниот ден ќе се изведуваат обука и гаѓање со минофрлачи во кои ќе бидат вклучени и припадници од првата механизирана пешадиска бригада.

Во останатиот период, вojниците на САД ќе реализираат гаѓања со користење на разни видови пешадиско оpyжје, а на 13 март се предвидени активности за реализација на ден за високи гости.

Ова е вторпат како се изведуваат воздyхoпловни гаѓања од страна на припадници на ВС на САД по извршеното сертифицирање на АП „Криволак“ од страна на седмата Команда за обука на копнените сили на САД, за можноста за користење на полигонот и од страна на воздyхoпловни единици на ВС на САД.

Со изведување на оваа активност се промовираат и можностите на АП „Криволак“ за изведување на различни видови на вежбовни активности од страна на армиите од земјите членки на НАТО.

Почнувајќи од утре, на Криволак ќе почне најголемата досега меѓународна вoeна вежба „Одлучен удар“ на која ќе учествуваат околу две илјади вojници од Копнените сили на САД за Европа, од АРМ и неколку други apмии, се наведува во соопштението од ГШ на АРМ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This