Нови детали за случајот „ peкет “ утре ќе бидат објавени во италијанскиот весник Лаверита. По видео и аудио снимата , следи ново продолжение по што се ќе биде појасно вели за Сител авторот на статијата Ларис Гајсер .
Авторот на текстот во италијанскиот весник Лаверита потекнува од Птуј Словенија и е геополитички аналитичар кој дипломирал на правниот факултет во Верона а специјализирал на Политехничкиот Универзитет Англија во Велика Британија и во ОН.
Магистрирал меѓународни односи во дипломатија на Институт во Милано. Ларис Гаисер е менаџер и економски консултант. Неговата ориентација е реал политиката и е поборник на демократијата како средство за регулирање на меѓународните односи во модерните времиња.
Бил советник во словенечкото МНР, раководел со финансиите на Евро медитеранскиот универзитет ЕМУНИ а во 2015 бил избран во претседателството на Паневропсската унија во Стразбур.