Учениците и наставниците ќе тргнат на училиште без cкpининг

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Учебната година ќе започне без ковид скрининг на наставниците, професорите и учениците. Проценките на првиот човек на Центарот за јавно здравје се дека здравствениот систем нема да издржи толкав број на тестови. Според доктор Стојанов тоа и немало да даде посебни резултати.

“Јас немам ништо против скринингот, сакам да има.Дали ќе биде серолошки или ПЦР тоа треба дополнително да се одлучи. Но, што значи скринингот? – Ништо.” – вели Александар Стојанов, директор на ЦЈЗ.

Дека голем дел од образовните институции функционираат во мизерни услови и не се во можност да се справат со новите протоколи за настава признава и доктор Стојанов.

“Тешко е за решавање. Не може да чекаме да правиме нови училишта и градинки а децата да седат дома за тоа време. Тоа е прашање за другите министерства.” – вели доктор Стојанов.

За разлика од здравствените власти, педијатрите апелираат дека бесплатен масовен скрининг за наставниците и за учениците треба да биде главен услов за стартување на новата учебна година. За истото алармираат и епидемиолозите и инфектолозите.

“Многу е важно сега за таа одлука. Колкава е серопозитивноста меѓу учениците. Затоа треба да се искористи тоа и да се направат серолошки скринизи за да се види – дали тие деца имаат антитела.” – изјави инфектологот Вело Марковски.

Пред неколку месеци беа тестирани вработените во градинките, но и покрај скрингот тие никогаш не ги отворија вратите за децата.

Според планот на здравствените и образвоните власти учебната година треба стартува во втората половина на Септември, но официјална одлука нема.

Она што е познато – учениците до трето одделение ќе посетуваат редовна настава, а сите други одделенија ќе учат онлајн. Од ова исклучок ќе има за училиштата од помалите градови и рурални средини каде има мал број на ученици по паралелки наставата да ја организираат со присуство во училниците ако тоа го дозволува епидемиолошката состојба.. И тие ќе седнат во училишните клупи.

МОН допрва ќе ги прави списоците на училиштата каде има услови за учење со физичко присуство. Потоа протоколите ќе се усогласуваат со Комисијата за заразни болести, а Владата најверојатно утре ќе ги има конечните одлуки на маса.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This