УЧИЛИШТАТА СЕ ПРАЗНАТ: Нема ,,живот ни во ,,С” Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Политиката на Владата на Зоран Заев „За живот во Македонија“ очигледно не дава резултати, ниту во ,,С” Македонија. Иселувањето е се помасовно, а тоа го тврдат и директорите на училиштата ширум државата.

Бројни се македонските училишта од каде децата се испишуваат, и заминуваат во странство заедно со родителите, пишува „Фактор“.

Дел од учениците веќе заминале, а некои допрва најавуваат дека ќе го прекинат школувањето во Македонија. Во селото Скудриње во Западна Македонија, основното училиште „Блаже Конески“ во 1996 година имало 580 ученици, а денес има 162 ученика. Директорот Зурат Куртоски, кој 40 години работи во образование ги наведува овие бројки како пример за тоа колкав е одливот.

– Оваа година заминаа 5 ученици, од октомври наваму, а за следната година уште 5 ученици ќе си одат, тоа родителите ми го најавија. Колку има ненајавени што ќе заминат, не знам, навистина тоа е штета. Ние тој бран не можеме да го спречиме. 90% од нив одат во Германија или Италија. Скудриње има индустриски погони, егзистенцијата не е загрозена, но луѓето бараат подобар живот. – вели тој за „Фактор“.

Од основното училиште „Благој Кирков“ од Велес велат дека секоја година по неколку ученици го прекинуваат образованието од истите причини.

– Децата со родителите одат за Германија, но се надевам дека тој одлив ќе се намали. – велат оттаму.
Во селото Моноспитово, Струмичко каде функционира основното училиште „Борис Трајковски“ објаснуваат дека сега имаат стагнација со одливот на деца.

– Веќе две години таа појава стагнира, а претходно заминуваа по 5-6 ученици годишно. Децата се отселуваа во Швајцарија и Германија. – рече Соња Вучковска, директорка на „Борис Трајковски“ за порталот „Фактор“.
Aлармантно е во малото гратче Пехчево, во Источна Македонија.

– Оваа година ни се испишаа 2 деца, а во јуни откако ќе заврши учебната година ќе се иселат уште 4 деца. Тие ќе одат во Германија. Кај нас е ова алармантно, затоа што ние изгубивме многу деца. Од 521, сега имаме 306 деца. – вели Добрила Јовевска, директорка на основното училиште „Ванчо Китанов“.
Во „Браќа Миладиновци“ во Пробиштип скоро се испишале 5 деца, од две семејства, односно едно семејство со три, и друго со две деца заминале надвор од државата.

Претходно медиумите пишуваа и дека сериозен одлив има и во кумановското училиште „Бајрам Шабани“. Таму за пет години во клупите има осумдесет и еден ученик помалку. Само оваа учебна година надвор од земјава ќе заминат 15 ученици, а некои веќе се иселиле.

Од училиштата признаваат дека фактор број еден е економската ситуација, но родителите се селат затоа што сакаат нивните деца да живеат во средина каде има севкупно поквалитетен живот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This