УШТЕ ДВАЈЦА OБBИHETИ ОДБИЈА МИЛОСТ ОД ЗАЕВ: Чавков и Лазаров се приклучија на борбата за правда со Јане Ченто, Игор Југ и Дурловски!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од 33 обвинети за настаните од 27 април само петмина не поднесоа барање за амнестија и одлучија да бараат правда пред судот, а не милост. Митко Чавков и полицискиот началник Душко Лазаров им се придружија на Игор Дурловски, Игор Југ и Јане Ченто. Останатите 28 обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок доставиле барање за амнестија.

Богдан Илиевски – Бетмен, еден од организатроите на протестите „За заедничка Македонија“, смета дека ги исполнува условите да биде помилуван, иако обвинителката Вилма Рускоска лично посочи дека организаторите не треба да бидат амнестирани.

Организаторите на насилството, како што јас го сфатив законот и понатаму не би сакал да ја коментирам обвинителката. Она сама си зборува за себе и за тоа како она размислува, така да тоа е нејзина работа, судот ќе одлучи, изјави обвинетиот Богдан Илиевски – Бетмен.

Адвокатот на поранешниот директор на БЈБ Митко Чавков, Сашко Дуковски, посочи дека неговиот клиент не побарал бидејќи ексдиректорот на Бирото за јавна безбедност веќе се изјаснил дека е невин.

Овој закон е наменски направен за една категорија на обвинети и ја постигна својата политичка цел. Ние во таков циркус нема да учествуваме, рече адвокатот Дуковски.

И обвинетиот полициски началник Душко Лазаров не побрал милост, бидејќи не чувствувал вина. Неговиот адвокат Душко Јанковиќ потенцираше дека Законот за амнестија наместо помирување, создал дополнителен раздор помеѓу обвинетите. Смета дека конечната одлука кој ќе биде амнестиран не треба да ја носи судијката Добрила Кацарска, туку Кривичниот совет во судот.

Собранието и тие што го донесоа законот требаше да си ги расчистат работите во Собрание, а не жешкиот костен да го префрлаат кај судијката Кацарска, изјави адвокатот Јанковиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This