Уште дeceтина слободни кpeвети во Koвид центарот во Битола

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Забрзано се исполнува капацитетот на Регионалниот КОВИД центар во Битолската болница, каде утрово има вкупно 67 хоспитализирани пациенти од целиот Југозападне регион кои се позитивни на вирусот. Поголем дел од нив се во тешка сосотојба. Има уште десетина слободни места, а од Болницата за Телма потврдија дека веќе се подготвува одделението за Физикална медицина со што дополнително ќе се ослободат болнички кревети за заболените од КОВИД-19.

Зголемувањето на капацитетот за нови пациенти, ја наметнува потребата за зголемување и на капацитетот на системот за кислородна поддршка во Болницата. За оваа Општина Битола соопшти дека од општинскиот буџет ќе донира 10 илјади евра за Регионалниот КОВИД центар, а парите ќе бидат префлени уште денеска веднаш откако советниците ќе ја усвојат одлуката. Од болницата велат дека целата постпка ќе се спроведе за две недели

-ЗНАЕМЕ ДЕКА БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ Е ЗГОЛЕМЕН И ДЕКА СЕ НАОЃАМЕ ВО ИСЛКЛИЧИТЕЛЕН ПЕРИОД И ДЕКА ТРЕБА ДА БИДЕМЕ УШТЕ ТЕХНИЧКИ ПОПОДГОТВЕНИ. 10 ИЛЈАДИ ЕВРАГИ ГИ ДОНИРИМА ЗА ЕЛЕМЕНТИ ЗА КИСЛОРОДНА ПОДДРШКА ДОКОЛКУ БИДЕ ПОТРЕБНО ВО НАРЕДНИОТ ПЕРИОД И ДА ОВОЗМОЃИМЕ ПОГОЛЕМ БРОЈ ПАЦИЕНТИ ЈА ИМААТ ТАА ПОДДРШКА, ИЗАЈВИ НАТАША ПЕТРОВСКА, ГРАДОНАЧАЛНИК НА БИТОЛА.

Инаку и во градовите во Пелагонискиот регион драматично расте бројот на заболени. . Лидер е Прилеп, каде има 400 активни слуачи, Битола болеста е во тек кај 236 лица, a бројките се зголемуваат и во Кичево, Ресен, Демир Хисар.

Извор: Телма

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This